AEG KSK792220M Kochbuch Seite 6

  • Herunterladen
  • Zu meinen Handbüchern hinzufügen
  • Drucken
  • Seite
    / 32
  • Inhaltsverzeichnis
  • LESEZEICHEN
  • Bewertet. / 5. Basierend auf Kundenbewertungen
Seitenansicht 5
Време во апаратот: 120 минути
Ниво на решетка: 1
4.2 Маринирано говедско
За подготвување на маринадата:
1 l вода
500 ml вински оцет
2 кафени лажички сол
15 зрна црн пипер
15 зрна боровинки
5 ловорови листа
2 снопчиња зеленчук за супа
(морков, праз, целер, магдонос)
Ставете ги заедно да зовријат, а
потоа оставете ги да се оладат.
1,5 kg парче говедско
Истурете ја маринадата врз
говедското да го прекрие и
оставете го да се маринира 5 дена.
Состојки за печењето:
сол
црн пипер
супа од зеленчукот од маринадата
Метод:
Извадете го парчето говедско од
маринадата и исушете го. Зачинете со
сол и црн пипер и запржете го од сите
страни во тавче, па додадете малку
супа од зеленчук од маринадата.
Ставете малку од маринадата во тава
за печење. Долниот дел треба да биде
потопен во 10 - 15 mm течност.
Покријте ја тавата за печење со капак
и ставете ја во апаратот.
Време во апаратот: 150 минути
Ниво на решетка: 1
4.3 Печено месо
Состојки:
2 парчиња сув леб
1 кромид
3 супени лажици сечкан магдонос
750 g мелено месо (мешавина од
јунешко и свинско)
2 јајца
сол, црн пипер и црвен пипер
100 g тенки парчиња сланина
Метод:
Натопете ги парчињата леб во вода и
потоа исцедете ги. Излупете го
кромидот и ситно исечкајте го, потоа
динстајте го додека не пушти вода и
додадете го исечканиот магдонос.
Измешајте ги заедно меленото месо,
јајцата, исцедените парчиња леб и
кромидот. Зачинете со сол, црн пипер
и црвен пипер, ставете го во
правоаголен сад за печење и покријте
го со парчињата сланина. Додадете
малку вода и ставете го јадењето во
апаратот.
Време во апаратот: 70 минути
Ниво на решетка: 1
4.4 Свинска коленица
Состојки:
1 задна свинска коленица 0,8 - 1,2
kg
2 супени лажици масло
1 лажичка сол
1 кафена лажичка благ црвен пипер
1/2 кафена лажичка босилок
1 мала конзерва сечкани печурки
(280 g)
супа од зеленчук (морков, праз,
целер, магдонос)
вода
Метод:
Засечете ја кожата околу целата
коленица. Измешајте масло, сол,
пипер и босилок и со мешавината
намачкајте ја свинската коленица.
Ставете ја свинската коленица во тавa
за печење месо и одозгора
распоредете ги печурките. Додадете ја
супата од зеленчук и вода. Долниот
дел треба да биде потопен во 10-15
mm. Свртете го печеното месо после
отприлика 30 минути.
Време во апаратот: 160 минути
Ниво на решетка: 1
4.5 Свинска плешка
Состојки:
1,5 kg свинска плешка, со кожа, од
прасе
сол
црн пипер
2 супени лажици маслиново масло
150 g ситно сечкан целер
1 праз, сечкан
1 мала конзерва домати, на мали
парчиња (400 g)
www.aeg.com6
Seitenansicht 5
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 ... 31 32

Kommentare zu diesen Handbüchern

Keine Kommentare