AEG BS836680HM Kochbuch Seite 26

  • Herunterladen
  • Zu meinen Handbüchern hinzufügen
  • Drucken
  • Seite
    / 36
  • Inhaltsverzeichnis
  • LESEZEICHEN
  • Bewertet. / 5. Basierend auf Kundenbewertungen
Seitenansicht 25
садот во апаратот. Исечете ги
маслинките на резанки. По готвењето,
зачинете го зеленчукот со сол, црн
пипер, босилок и оригано според вкус.
Време во апаратот (мин): 25
Ниво на решетка: 3
9.2 Зеленчук на
традиционален начин:
За 2-4 лица.
Состојки / Метод:
Ставете ги заедно следниве
зеленчуци според вкус, околу 750 g
вкупно.
келераба, излупена и исечена на
ленти
моркови, излупени и исечени на
коцки
карфиол, измиен и поделен на
цветови
кромид, измиен и исечен на
резанки
анасон, излупен и исечен на
резанки
целер, исчистен и исечен на коцки
праз, исчистен и исечен на резанки
По готвењето:
50 g путер
ако сакате, црн пипер и сол
Време во апаратот (мин): 30
Ниво на решетка: 3
9.3 Домати што се лупат:
Метод:
Расечете го горниот дел од доматите
во форма на крст, ставете ги во сад за
парење и ставете ги во апаратот. На
крајот од готвењето, отстранете ја
лушпата од доматите.
Време во апаратот: 10 минути
Ниво на решетка: 3
10. КРЕМОВИ И ТЕРИНИ
10.1 Солени тортички со
јајца:
За 6-8 лица.
Состојки:
3 јајца
100 ml млеко
50 ml слатка павлака
сол, црн пипер, мускатно оревче
магдонос, сечкан
Друго:
6 чиничиња за пудинг
Метод:
Добро измешајте ги јајцата, млекото и
павлаката. (Не матете ги.) Потоа
зачинете ги и додајте сечкан
магдонос. Налејте во подмачкани
стаклени или порцелански садови.
Време во апаратот (мин): 30
Ниво на решетка: 3
По готвењето: извадете го јадењето
од садовите и исечете го на мали
коцки или шестоаголници.
10.2 Колач со карамел:
За 4-6 лица.
Состојки за мешавината:
100 g шеќер
100 ml вода
500 ml млеко
1 стапче ванила
100 g шеќер
2 јајца
4 жолчки
Друго:
6 чиничиња за суфле
Метод:
Ставете 100 g шеќер во тенџере и
топете го додека не добиете светло
кафеав карамел. Потоа внимателно
додајте вода (внимавајте - постои
опасност од изгореници) и загревајте
додека да зоврие. Варете до сируп и
веднаш истурете го во 6 чиничиња за
суфле, дното да биде прекриено со
карамел. Ставете го млекото во тава,
пресечете го стапчето ванила и со нож
исчистете го семето и додајте го во
млекото. Загрејте го млекото на 90 °C.
www.aeg.com26
Seitenansicht 25
1 2 ... 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 31 ... 35 36

Kommentare zu diesen Handbüchern

Keine Kommentare