2.
Извадете ги алиштата од
апаратот. Проверете дали
барабанот е празен.
3.
Подотворете ја вратата за да
спречите мувла и мириси.
4.
Затворете ја славината за вода.
Програмата за перење е завршена, но
има вода во барабанот:
– Барабанот се врти редовно за да
спречи туткање на алиштата.
– Показателот за заклучување на
вратата свети. Вратата останува
заклучена.
– Мора да ја исцедите водата за да ја
отворите вратата.
За да ја исцедите водата:
1.
Поставете програма за Drain или
програма за Spin.
2.
Притиснете го Start/Pause.
Апаратот ја цеди водата и
центрифугира.
3.
Кога програмата е завршена и
показателот за заклучена врата се
гаси, можете да ја отворите
вратата
4.
Свртете го копчето на
програматорот до позииција On/
Off за да го исклучите апаратот.
Подготвеност: откако ќе заврши
програмата, после неколку минути се
вклучува системот за штедење
енергија. Се намалува интензитетот
на осветлување на екранот. Апаратот
ќе излезе од статусот на штедење
енергија со притискање на кое било
копче.
10. ПОМОШНИ НАПОМЕНИ И СОВЕТИ
10.1 Полнење алишта
• Поделете ги алиштата на: бели, во
боја, синтетика, чувствителни и
волнени.
• Следете ги упатствата за перење
што се наоѓаат на етикетите на
алиштата.
• Не перете заедно бели и алишта во
боја.
• Некои обоени алишта може да
изгубат боја после првото перење.
Ви препорачуваме да ги перете
одделно првиот пат.
• Закопчајте ги навлаките за перници,
патентите, куките и дрикерите.
Закопчајте ги ремените.
• Испразнете ги џебовите и
исправете ги алиштата.
• Превртете ги повеќеслојните
ткаенини, волната и алиштата со
насликани илустрации.
• Отстранете ги тешките дамки.
• Многу извалканите дамки перете ги
со специјален детергент.
• Бидете внимателни со завесите.
Тргнете ги куките или ставете ги
завесите во торба за перење или во
навлака.
• Не перете во апаратот:
– Алишта без пораб или без рез
– Градник со жица.
– Користете торба за перење на
мали алишта.
• Малото полнење може да
предизвика проблеми со рамнотежа
за време на центрифугата. Ако се
случи ова, распоредете ги рачно
алиштата во барабанот и започнете
ја фазата на центрифугата уште
еднаш.
10.2 Тврдоглави дамки
За некои дамки, водата и детергентот
не се доволни.
Ви препорачуваме да ги отстраните
овие дамки пред да ги ставите
алиштата во апаратот.
На располагање има специјални
отстранувачи на дамки. Користете
специјален отстранувач за дамки
којшто е прикладен за видот на
дамката и материјалот.
10.3 Детергенти и додатоци
• Користете само детергенти и
додатоци што се предвидени за
употреба во машина за перење.
МАКЕДОНСКИ 37
Kommentare zu diesen Handbüchern