
Проблем Можно решение
Проверете одводното црево да не е
засукано или свиткано.
Вклучен е уредот против
поплавување.
Затворете ја славината за вода и јавете
се во сервисот.
Откако ќе ја изведете проверката,
вклучете го апаратот. Програмата
продолжува од точката на прекинот.
Ако повторно се јави проблемот,
јавете се во сервисот.
Ако на екранот се прикажуваат други
пораки, јавете се во сервисот.
10.1 Резултатите од миењето
и сушењето не се
задоволителни
Има белузлави остатоци и дамки или
синкасти слоеви на чашите и
садовите
• Испуштената количина на
средството за плакнење е многу
голема. Поставете го бирачот за
средство за плакнење на пониска
позиција.
• Имало премногу детергент.
Дамки и капки од вода на чаши и
садови
• Испуштената количина на
средството за плакнење не е
доволна. Поставете го бирачот за
средство за плакнење на повисока
позиција.
• Квалитетот на детергентот може да
е причина.
Садовите се влажни
• Програмата нема фаза на сушење
или има фаза на сушење со ниска
температура.
• Дозерот за средството за плакнење
е празен.
• Количината на средството за
плакнење може да е причина.
• Количината на комбинираните
таблети со детергент може да е
причина. Пробајте друга марка или
активирајте го дозерот за средство
за плакнење и средството за
плакнење заедно со комбинираните
детергент таблети.
Видете во ‘ПОМОШ И
СОВЕТИ’ за други можни
причини.
10.2 Како да го вклучите
дозерот за средство за
плакнење
Отворете го менито со опции и
вклучете го дозерот за средство за
плакнење. Видете во табелата на
менито за опции.
11. ТЕХНИЧКИ ИНФОРМАЦИИ
Димензии Широчина / Висина /
Длабочина (mm)
596 / 850 / 610
Поврзување на струја Видете на плочката со спецификации.
Напон 220-240 V
Фреквенција 50 Hz
Притисок на водата Мин./макс. (bar/MPa) (0.5 / 0.05 ) / (8 / 0.8 )
Водоснабдување
1)
Ладна вода или топла
вода
2)
макс. 60°C
20
www.aeg.com
Kommentare zu diesen Handbüchern