AEG F66600IM0P Bedienungsanleitung Seite 12

  • Herunterladen
  • Zu meinen Handbüchern hinzufügen
  • Drucken
  • Seite
    / 24
  • Inhaltsverzeichnis
  • LESEZEICHEN
  • Bewertet. / 5. Basierend auf Kundenbewertungen
Seitenansicht 11
7. ОПЦИИ
Посакуваните опции мора
да бидат активирани
секогаш пред да ја
стартувате програмата.
Функциите не може да се
активираат или
деактивираат додека
програмата работи.
Сите опции не се
компатибилни меѓу себе.
Ако сте одбрале
компатибилни опции,
апаратот автоматски ќе
деактивира една од нив.
Показателите за опциите
кои се сеуште активни ќе
останат запалени.
7.1 Multitab
Вклучете ја оваа функција кога
користите мулти-таблети кои
дејствуваат како сол, средство за
плакнење и детергент истовремено.
Тие исто така може да содржат други
агенси за чистење или плакнење.
Оваа опција го исклучува
испуштањето на сол. Показното
светло за сол не се вклучува.
Оваа опција исто така го исклучува
испуштањето на средство за
плакнење, но само кога е исклучен
дозерот за средство за плакнење,
(показното светло за средство за
плакнење не се вклучува). Ако е
вклучен дозерот за средство за
плакнење, средството за плакнење ќе
се испушта дури и кога е вклучена
опцијата Multitab.
Со користење на оваа опција,
времетраењето на програмата се
пролонгира за да ги подобри
резултатите при чистењето и
сушењето со користење на мулти-
таблети.
Multitab не е постојана опција и мора
да се одбира при секој циклус.
Како да го активирате
Multitab
Притискајте го Option сѐ додека не се
вклучи показателот
.
7.2 TimeSaver
Оваа опција ги зголемува притисокот и
температурата на водата. Фазите на
миење и сушење се пократки.
Времетраењето на целата програма
се намалува за околу 50%.
Резултатите од миењето се исти како
кај програма која е со нормално
времетраење. Резултатите кај
сушењето може да се намалат.
Како да го активирате
TimeSaver
Притискајте гоOption сѐ додека не се
вклучи показателот .
Ако опцијата не е применлива за
програмата, соодветниот показател не
се пали или брзо трепка неколку
секунди и потоа се исклучува.
Екранот го прикажува времетраењето
на ажурираната програма.
7.3 ExtraHygiene
Со оваа опција добивате подобри
хигиенски резултати. Во текот на
фазата на плакнење, температурата
останува на 70°C најмалку 10 минути.
Како да го активирате
ExtraHygiene
Притискајте го Option сѐ додека не се
вклучи показателот .
Ако опцијата не е применлива за
програмата, соодветниот показател не
се пали или брзо трепка неколку
секунди и потоа се исклучува.
Екранот го прикажува времетраењето
на ажурираната програма.
www.aeg.com12
Seitenansicht 11
1 2 ... 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 ... 23 24

Kommentare zu diesen Handbüchern

Keine Kommentare