
БЕЗБЕДНОСНИ ИНФОРМАЦИИ
Внимателно прочитајте го овој прирачник, пред да го инсталирате и да го користите
уредот. Тоа е во интерес на вашата безбедност и за да се осигури правилна работа.
Чувајте ги овие упатства и уверете се заедно со машината, ако ја преместувате или
продавате. Сите лица, кои го користат уредот, мора целосно да бидат запознаени со
неговата работа и неговите безбедносни опции.
Правилно користење
• Апаратот е конструиран само за домашна употреба.
• Овој уред може да мие само садови во домаќинството, погодни за машина за
миење садови.
• Не ставајте никакви растворувачи во уредот. Тоа може да предизвика експлозија.
• Ставајте ги ножевите и сите предмети со остар врв во корпата за прибор за јадење,
со врвовите надолу. Или ставете ги хоризонтално во главната корпа.
• Користете само признаени марки на материјали за машини за миење садови
(детергент, сол и средство за плакнење).
• Избегнувајте отворање на вратата додека уредот работи, може да дојде до
излегување на жешка пареа.
• Не вадете садови од машината за миење садови пред завршување на програмата
за миење.
• Откако програмата за миење ќе заврши, извлечете го штекерот и затворете ја
славината за вода.
• Овој уред смее да го поправа само овластен сервисен техничар. Користете само
оригинални резервни делови.
• Не вршете поправки самостојно за да не дојде до повреди или оштетување на
апаратот. Секогаш јавете се на локалниот сервисен центар.
Општа безбедност
• Лицата (вклучувајќи ги и децата) со намалени сензорски, ментални способности или
без доволно искуство и знаење, не смеат да го користат уредот. Тие мора да бидат
надгледувани или упатени во работата на уредот, од страна на лицето кое е
одговорно за нивната безбедност.
• Детергентите за машина за миење садови може да предизвикаат изгореници на
очите, устата и грлото. Може да го доведат животот во опасност! Придржувајте се
кон безбедносните упатства на производителот на детергентот за машина за
миење садови.
• Не пијте ја водата од машината за миење садови. Во уредот може да има остатоци
од детергент.
• Уверете се дека вратата од уредот е секогаш затворена кога не се користи. Со тоа
ќе спречите повреда и сопнување преку отворената врата.
• Немојте да седите или стоите на вратата.
4 Безбедносни информации
Kommentare zu diesen Handbüchern