• Последниот дел од циклусот на машината за
сушење е без топлина (циклус за ладење) како
гаранција дека алиштата ќе бидат на температура
што нема да ги оштети.
• Пред одржување, исклучете го апаратот и
извадете го штекерот за струја од приклучницата.
2. БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА
2.1 Монтажа
• Извадете ја целата амбалажа.
• Немојте да монтирате ниту да
користите оштетен апарат.
• Придржувајте се до упатството за
монтажа приложено со апаратот.
• Секогаш внимавајте кога го
пренесувате апаратот затоа што е
тежок. Секогаш носете заштитни
ракавици и приложените обувки.
• Не монтирајте го и не
употребувајте го апаратот онаму
каде што температурата е под 5°C
или повисока од 35°C.
• Подот каде што ќе биде поставен
апаратот мора да биде рамен,
стабилен, отпорен на топлина и
чист.
• Проверете дали има циркулација
на воздух меѓу апаратот и подот.
• Секогаш држете го апаратот во
вертикална положба кога го
преместувате.
• Задната површина на апаратот
мора да се постави кон ѕидот.
• Кога апаратот е поставен во
неговата постојана позиција,
проверете дали е целосно
порамнет со помош на либела. Ако
не е, приспособете ги ногарките
додека не се порамни.
2.2 Поврзување на струја
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Ризик од пожар и струен
удар.
• Апаратот мора да биде заземјен.
• Проверете дали информацијата за
напојување со струја на плочката
со спецификации се совпаѓа со
напојувањето со струја. Доколку не
се совпаѓа, контактирајте со
електричар.
• Секогаш користете правилно
монтиран штекер отпорен на
струјни удари.
• Не користете адаптери со повеќе
приклучоци и продолжени кабли.
• Не повлекувајте го кабелот за
струја за да го исклучите апаратот.
Секогаш повлекувајте го
приклучокот.
• Не допирајте го кабелот за струја
или приклучокот со влажни раце.
• Апаратот ги исполнува барањата
предвидени со Директивите на ЕЕЗ.
2.3 Употребa
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Опасност од повреди,
струен удар, пожар,
изгореници или
оштетување на апаратот.
• Овој апарат е само за домашна
употреба.
• Не сушете ги оштетените алишта
(искинати, излижани) кои содржат
постава или полнење.
• Сушете само ткаенини што можат
да се сушат во машина за сушење.
Следете ги упатствата на етикетата
на секое парче од облеката.
• Ако сте ги испрале вашите алишта
со отстранувач за дамки,
стартувајте дополнителен циклус
на плакнење пред да ја пуштите
машината за сушење.
• Немојте да пиете или да
подготвувате храна со
кондензирана/дестилирана вода.
Таа може да предизвика
здравствени проблеми кај луѓето и
животните.
www.aeg.com54
Kommentare zu diesen Handbüchern