1.2 Општа безбедност
• Не менувајте ги спецификациите на овој апарат.
• Апаратот треба да биде монтиран како
самостоечки елемент или под некоја кујнска
работна површина ако тоа го дозволуваат
маргините во просторот.
• Не монтирајте го апаратот зад врата што може да
се заклучува, лизгачка врата или врата со шарки
на спротивната страна, што би го спречило
целосното отворање на вратата на апаратот.
• Поврзете го приклучокот за струја со штекерот на
крајот од монтажата. Погрижете се, по
монтирањето да можете да пријдете до
приклучокот за струја.
• Отворите за вентилација во основата не смеат да
бидат попречени од таписон, килим или било каков
покривач за под.
• ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Апаратот не смее да биде
доставен преку надворешен уред за прекинување,
како на пример тајмер или да биде поврзан на
струја кога се гаси и пали постојано со помош на
уред.
• Уверете се дека имате добро проветрување во
собата каде што е монтиран апаратот за да
избегнете враќање на несаканите гасови во собата
од други апарати што горат различно гориво,
вклучувајќи и отворен оган.
• Издувниот воздух не смее да биде испуштен во
оџак кој се користи за издувните гасови кои
доаѓаат од запаливиот гас на некои апарати или од
други горива.
• Притисокот на водата при работа кај точката на
влез на водата од доводот мора да биде меѓу 0,5
bar (0,05 MPa) и 8 bar (0,8 MPa).
• Почитувајте ја максималната количина на полнење
од 9 kg (погледнете во поглавјето „Табела со
програми“).
www.aeg.com4
Kommentare zu diesen Handbüchern