AEG L87695WD Bedienungsanleitung Seite 4

  • Herunterladen
  • Zu meinen Handbüchern hinzufügen
  • Drucken
  • Seite
    / 88
  • Inhaltsverzeichnis
  • LESEZEICHEN
  • Bewertet. / 5. Basierend auf Kundenbewertungen
Seitenansicht 3
БЕЗБЕДНОСНИ ИНФОРМАЦИИ
Пред монтажата и употребата на овој апарат,
внимателно прочитајте ги доставените
упатства. Производителот не е одговорен ако
неправилната монтажа и употреба
предизвикаат повреди и оштетувања.
Секогаш чувајте го упатството со апаратот за
идна употреба.
БЕЗБЕДНОСТ НА ДЕЦА И
РАНЛИВИ ЛИЦА
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Ризик од задушување, повреда или
траен инвалидитет.
Не дозволувајте апаратот да го користат
лица, вклучително и деца, со намалени
физички сетила, намалени ментални
функции или со недоволно искуство и
знаење. Тие мора да бидат под надзор или
да добиваат упатства за ракување со
апаратот од лице кое е одговорно за
нивната безбедност.
Не дозволувајте деца да си играат со
апаратот.
Чувајте го пакувањето настрана од дофат
на деца.
Чувајте ги сите детергенти настрана од
дофат на деца.
Чувајте ги децата и домашните
миленичиња настрана од вратата на
апаратот кога е отворена.
Доколку апаратот има уред за безбедност
на деца, ви препорачуваме да го
активирате.
БЕЗБЕДНОСЕН УРЕД ЗА ДЕЦА
Кога ќе го активирате овох уред, не можете
да ја отворите вратата. Ова спречува
затворање на деца или галеничиња во
барабанот. За да го вклучите овој уред,
свртете го на десно, се додека жлебот не е
во хоризонтална положба. За да го
исклучите овој уред, свртете го на лево, се
додека жлебот не е во вертикална
положба.
ОПШТА БЕЗБЕДНОСТ
Не го користете апаратот за
професионална употреба. Апаратот е
наменет само за домашна употреба.
Не менувајте ги спецификациите на овој
апарат. Постои ризик од повреда и
оштетување на апаратот.
Не сушете неиспрани алишта во апаратот.
Не користете програма за сушење доколку
сте користеле индустриски хемикалии за
чистење.
Кога го полните апаратот, проверете дали
во џебовите на облеката случајно има
заборавени запалки или кибрит.
Исперете ги во жешка вода со повеќе
детергент пред да сушите алишта на кои
има дамки од супстанции како на пример,
масло за готвење, ацетон, бензин, керозин,
средства за отстранување дамки,
терпентин, восоци и отстранувачи на восок.
Не сушете во овој апарат парчиња облека
какви што се гумена пена (латекс пена),
капи за туширање, водоотпорен текстил
(доколку нема специјална програма за
сушење), парчиња облека и артикли
обложени со гума или перници наполнети
со гумена пена.
Облека со дамки од масло може сама да се
запали, особено кога е изложена на извори
на топлина каква што е програмата за
сушење. Парчињата облека стануваат
топли, што предизвикува реакција на
оксидација на маслото. Оксидацијата
создава топлина. Доколку топлината не
може да излезе надвор, облеката може да
стане доволно жешка и да се запали.
Претоварување, преполнување или чување
облека со дамки од масло може да спречи
топлината да излезе од апаратот и на тој
начин да предизвика опасност од пожар.
Ако не можете да избегнете сушење на
ткаенини што содржат растително масло,
4
www.aeg.com
Seitenansicht 3
1 2 3 4 5 6 7 8 9 ... 87 88

Kommentare zu diesen Handbüchern

Keine Kommentare