• Работниот притисок на водата (минимум и
максимум) мора да биде меѓу 0,5 bar (0,05 MPa) и
8 bar (0,8 MPa).
• Отворите за вентилација во основата (ако ги има)
не смеат да бидат попречени од килим.
• Апаратот треба да се поврзе со довод на вода со
користење на приложените нови комплети црева.
Старите комплети црева не смеат да се користат
пак.
• Доколку се оштети кабелот за напојување, тој
треба да биде заменет од страна на
производителот, негов Овластен сервисен центар
или слично квалификувани лица за да се избегне
опасност.
• Пред одржувањето, исклучете го апаратот и
откачете го кабелот од штекерот за струја.
• Не користете воден спреј и пареа за чистење на
апаратот.
• Чистете го апаратот со мека, влажна крпа.
Користете само неутрални детергенти. Не
користете абразивни производи, абразивни
сунѓери за чистење, растворувачи или метални
предмети.
2. ИНСТРУКЦИИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ
2.1 Монтажа
• Отстранете ја сета амбалажа и
транспортните завртки.
• Задржете ги транспортните
завртки. Кога повторно ќе го
преместувате апаратот, мора да го
блокирате барабанот.
• Секогаш внимавајте кога го
преместувате апаратот затоа што е
тежок. Секогаш носете заштитни
ракавици.
• Немојте да монтирате ниту да
користите оштетен апарат.
• Придржувајте се до упатството за
монтажа приложено со апаратот.
• Немојте да го монтирате ниту да го
користите апаратот на места каде
што температурата е пониска од
0°C или каде што е изложен на
атмосферски влијанија.
• Проверете дали подот на кој го
монтирате апаратот е рамен,
стабилен, отпорен на топлина и
чист.
• Проверете дали има циркулација
на воздух меѓу апаратот и подот.
• Приспособете ги ногалките за да
има доволно простор меѓу апаратот
и килимот.
• Не монтирајте го апаратот на места
каде што вратата на апаратот не
може целосно да се отвори.
2.2 Поврзување на струјата
• Апаратот мора да биде заземјен.
МАКЕДОНСКИ 31
Kommentare zu diesen Handbüchern