AEG L7WBG47W Bedienungsanleitung Seite 7

  • Herunterladen
  • Zu meinen Handbüchern hinzufügen
  • Drucken
  • Seite
    / 48
  • Inhaltsverzeichnis
  • LESEZEICHEN
  • Bewertet. / 5. Basierend auf Kundenbewertungen
Seitenansicht 6
Чувајте ги транспортните
штрафови на сигурно место. Ако
апаратот ќе се премести во иднина
тие мора да бидат заштрафени за
да се заклучи барабанот и да се
спречи внатрешно оштетување.
Секогаш внимавјте кога го
пренесувате апаратот затоа што е
тежок. Секогаш носете заштитни
ракавици и приложените обувки.
Немојте да монтирате ниту да
користите оштетен апарат.
Не монтирајте го апаратот на места
каде што вратата на апаратот не
може целосно да се отвори.
Приспособете ги ногарките за да
има доволно простор меѓу апаратот
и килимот.
Кога апаратот е поставен во
неговата постојана позиција,
проверете дали е правилно
порамнет со помош на либела. Ако
не е, приспособете ги ногарките
додека не се порамни.
2.2 Поврзување со струја
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Ризик од пожар и струен
удар.
Апаратот мора да биде заземјен.
Секогаш користете правилно
монтиран штекер отпорен на
струјни удари.
Не користете адаптери со повеќе
приклучоци и продолжни кабли.
Не влечете го кабелот за да го
исклучите апаратот од струја.
Секогаш повлекувајте го
приклучокот за струја.
Не допирајте го кабелот за струја
или приклучокот со влажни раце.
Апаратот ги исполнува барањата
предвидени со Директивите на ЕЕЗ.
2.3 Поврзување на водата
Не ги оштетувајте цревата за вода.
Пред да ги поврзете новите црева,
цревата кои не биле користени
подолг период, каде се направила
некаква поправка или биле ставени
нови уреди (мерачи за вода итн.),
оставете ја водата да тече се
додека не стане чиста и бистра.
Проверете дали има видливи
протекувања на вода за време или
после првата работа на апаратот.
2.4 Употреба
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Опасност од повреди,
струен удар, пожар,
изгореници или
оштетување на апаратот.
Не ставајте запаливи производи
или предмети натопени со
запаливи средства во, блиску до,
или на апаратот.
Не ја допирајте стаклената врата
додека работи програмата.
Стаклото може да биде жешко.
Не сушете ги оштетените алишта
(искинати, излижани) кои содржат
постава или полнење.
Ако алиштата биле испрани со
отстранувач за дамки, пуштете
уште еден циклус на плакнење
пред да започне циклусот на
сушење.
Проверете дали сите метални
предмети се извадени од алиштата.
Сушете само ткаенини што можат
да се сушат во машина за сушење.
Следете ги упатствата на етикетата
на секое парче од облеката.
Пластичните предмети не се
отпорни на топлина.
Ако се користи топка со
детергент, извадете ја пред да
започне програмата на сушење.
Не користете топка за
детергент кога поставувате нон-
стоп програма.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Ризик од повреда или
оштетување на апаратот.
Немојте да седите или да стоите на
отворената врата.
Не сушете неисцедени влажни
алишта во апаратот.
2.5 Сервисирање
За да го поправите апаратот
контактирајте го Овластениот
сервисен центар.
МАКЕДОНСКИ 7
Seitenansicht 6
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 ... 47 48

Kommentare zu diesen Handbüchern

Keine Kommentare